Пејачот Рики Мартин своите 15 милиони следбеници ги изненади со својот нов изглед на Инстаграм.
Вниманието на многумина го привлече со своите нови објави на својот профил. Рики, кој блескаше и ја запали светската музичка сцена во 90-тите години на минатиот век, собра над 14.000 коментари на фотографија со бела брада.
View this post on Instagram
„Изгледаш како Дедо Мраз“, му напишаа некои, додека други му ласкаа на ѕвездата. „Започнавте нов тренд“, заклучија тие. Рики позираше и со Греми што го доби за албумот Паус, но сето тоа падна во втор план поради неговата брада.