вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Рики Мартин сака “златен туш“, Ријана бара камшик – ова се фетишите на светските ѕвезди, некои ќе ве шокираат

Рики Мартин сака “златен туш“, Ријана бара камшик – ова се фетишите на светските ѕвезди, некои ќе ве шокираат

Познатите холивудски ѕвезди веќе не се толку затворени кога е нивниот сексуален живот во прашање, па со задоволство одговараат на различни прашања поврзани со него. Така некои од нив открија дека имаат и фетиши.

Ријана еднаш рече дека е мазохист и дека сака да ја врзуваат и да ја камшикуваат. Таа не бега од споделување тајни од нејзината спална соба, па не и беше чудно да каже дека сака да биде повредена.

Латино ѕвездата Рики Мартин откри дека сака да уринира врз својот сопруг Џван Јозеф. Како што рекол, ништо повеќе не го „пали“ отколку кога за време на секс може да го почести својот сопруг со „златен туш“.

-Температурата на водата не е ни приближно топла како температурата на телото. Тоа е она што навистина ме пали. Обожавам да уринирам на него кога имаме секс, рекол тој.

Кармен Електра призна дека сака да посетува секс продавници и да купува играчки, како лисици и други разни помагала. Од друга страна, актерката Скарлет Јохансон смета дека сексот во кревет е досаден, а таа сака тоа да го прави во автомобил.

Лејди Гага, очекувано за многумина има различни фантазии. Како што еднаш откри, таа сака да носи секси костими и ужива да биде гризана и касана за време на сексот.

Најнови вести