Рики Мартин уште еднаш докажа дека е семеен човек, а на Греми наградите се појави со неговото синче Матео.
На Греми наградите кои се одржаа вчера вечер, латино заводникот се појави со нов стајлинг кој на сите им „падна во очи“.
Пејачот прошета на црвениот тепих рака за рака со неговиот 10-годишен син Матео, кој очигледно ја наследил неговата убавина и стил.
Облечени во црни комбинации, таткото и синот ги примамија сите погледи кон нив.
За настапот на сцена, подоцна Рики Мартин се пресоблече во целосно бел аутфит, а во публиката може да се забележи и неговиот партнер Џуан Јосеф.