Пејачката Рита Ора (29) веќе неколку недели е во врска со 23-годишниот Раферти Лоу, синот на славниот актер Џад Лоу. Двојката се вљубила на снимањето на модерната верзија на „Оливер Твист“.
Според близок пријател на двојката, Рита Ора и Раферти Лоу ја започнале врската последните неколку недели.
Тоа го докажале кога на забавата по доделувањето на Британските модни награди се појавиле држејќи се за раце, не криејќи ја својата среќа. Уште на снимањето на „Оливер Твист“, кој воедно и е негово прво актерско остварување, членовите на екипата шпекулирале дека било очигледно дека меѓу нив има силна хемија и дека се повеќе од соработници.
– Искрите се појавија кога почнаа да работат заедно. Некои коментираа дека меѓу нив се чувствува неверојатна хемија, а потоа започнаа озборувањата, и по некое време, тие очигледно сфатија што се случува. Сега решија да излезат во јавноста како двојка, едноставно не можат да престанат да се држат за рака – рече пријателот.