вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Роберт де Ниро сведочеше за обвиненијата против него од поранешната помошничка

Роберт де Ниро сведочеше за обвиненијата против него од поранешната помошничка
епа

Роберт де Ниро вчера сведочеше на суд во Њујорк за обвиненијата против него за вознемирување и родова дискриминација, од неговата поранешна помошничка Грејм Чејс Робинсон. Според „Гардијан“, американскиот глумец пред судот изгледал „мрзоволно“, и уште веднаш извикал: „Сѐ ова е глупост“.

Де Ниро (80) двапати го крена гласот за време на неговото сведочење. Адвокатот на асистентката го прашал за случај од 2017 година, кога, наводно, Де Ниро „ја тормозел“ Робинсон рано наутро за да го однесе в болница.

– Тоа беше еднаш. Паднав по скалите. Дури и тогаш го одложив јавувањето. Паднав околу 1 – 2 часот наутро, но ѝ се јавив околу 4 или 5, извикал Де Ниро.

Правната битка меѓу глумецот и неговата поранешна вработена почна 2019 година. Тој притоа ја обвини Робинсон дека незаконски проневерила пари од неговата компанија. Таа потоа го обвини дека ѝ доделил стереотипни „женски задачи“ што не биле во описот на нејзината работа. Според зборовите на 41-годишната асистентка, тој барал од неа „да му го чеша грбот, закопчува кошулите, врзува вратоврската“ и да го буди в кревет. Робинсон сведочеше дека поради сѐ тоа била депресивна, вознемирена и со нарушено емотивното здравје.

Робинсон работела за Де Ниро меѓу 2008 и 2019 година и, според наводите, била платена 300.000 евра годишно. Таа по 11 години поднела оставка. Судењето ќе трае околу две недели.

Најнови вести