среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Роби Вилијамс призна дека нема с*кс со сопругата, па откри пикантерии од бракот

Роби Вилијамс призна дека нема с*кс со сопругата, па откри пикантерии од бракот

Пејачот Роби Вилијамс и неговата сопруга Ајда Филд целосно го запоставија сексуалниот живот, но тоа не им пречи.

Иако порано пејачот велеше дека другите зависности ги заменил со секс, но дека тоа не го исполнува, сега истакнува дека депресијата е виновна за намалувањето на либидото.

Во заедничко интервју парот признал дека имаат ист став во однос на интимноста и дека не им пречи што избегнуваат да водат љубов.

-Сите знаат дека нема секс после брак. Едноставно тоа е така. Морав да земам инјекции со тестостерон некое време, бидејќи сум зависник, но тоа мораше да престане. Моите мускули на рамото се развија и почнав да изгледам како голман. Не изгледаше добро. Но, сексот додека сте на тестостерон беше неверојатен. И тој беше таков цело време. Бевме ненаситни. Сепак, тоа покажува колку сме вљубени еден во друг, бидејќи додека земав тестостерон, не можевме да ги тргнеме рацете еден од друг, целосно искрено изјави Роби во интервју за „The Sun“.

Вели дека тоа, забавно време, му недостига.

– Сега, кога понекогаш седиме заедно на каучот, Ајда знае да се сврти кон мене и да каже: „Треба да имаме секс“. А јас седам таму и јадам мандарина и само ги кревам рамениците. „Па, знаете, понекогаш се обидуваме, рече Вилијамс.

И Ајда имаше што да додаде на тоа.

– Луѓето го мешаат сексот со интимноста. Секогаш се гушкаме, се бакнуваме, се држиме за раце и се допираме додека гледаме телевизија на софата, или филм, или што и да е. Интимноста е важен, значаен аспект на љубовта. Среќни сме, заклучи таа.

Најнови вести