сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Родителите на исчезнатата Маријана се во агонија, по долгата потрага – се плашат од најлошото сценарио

Родителите на исчезнатата Маријана се во агонија, по долгата потрага – се плашат од најлошото сценарио

Родителите на исчезнатата Маријана Зајферт, поранешна победничка на реално шоу, многу тешко го поднесуваат фактот што и по речиси две недели од исчезнувањето немаат нови информации за нивната ќерка, по која хрватската полиција интензивно трагаше со денови.

Моментално се во Книн, каде ги одгледале сите три ќерки. Маријана последен пат ја виделе за католички Велигден, кога ја посетиле во Загреб, каде што живеела со сопругот Карло.

Родителите на Маријана не беа расположени за разговор со новинарите, но за Слободна Далмација кратка изјава даде пријателот и колега на нејзиниот татко Иво – Томо Зелиќ, со кој работи како автомеханичар.

-Му реков дека се ќе биде во ред. Но, знаете како е за еден родител да помине низ ова, тоа е еден голем шок! Воопшто не им е лесно, се може да падне на памет, има разни теории… Од тоа што Маријана намерно ги оставила документите и продолжила до тоа дека се случило најлошото. А можеби наишла на некој што и нанел некоја штета. Иво е изгубен во сето ова. Сопругата е во уште поголем шок, постојано вели дека не знае дали ќе може да го издржи и да го преживее сето ова – истакна за медиумите пријател на таткото на Маријана.

Најнови вести