среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Рок пејачот Шевчук казнет поради осуда на руската инвазија врз Украина

Рок пејачот Шевчук казнет поради осуда на руската инвазија врз Украина

Познатиот руски рок пејач Јуриј Шевчук е казнет денеска во Русија поради осуда на офанзивата против Украина и критиките упатени кон претседателот Владимир Путин за време на концерт.

Рускиот суд го прогласи музичарот за виновен за „јавно дејствување насочено кон дискредитирање на руските вооружени сили“ и го осуди на парична казна од 50.000 рубљи или околу 800 евра.

Шеесет и петгодишниот Шевчук на 18 мај пред својата публика пеел „татковината не смее да биде постојан полтрон на претседателот“.

„Сега луѓе се убиваат во Украина, зошто? Нашите момчиња гинат во Украина, зошто?“, „Поради наполеоновите планови на нашиот Цезар“, додал музичарот.

Шевчук, кој денеска не беше на суд поради карантин поради коронавирус, испрати пишана изјава преку својот адвокат, Александар Передрук, каде нагласи дека „секогаш бил против војна насекаде во светот“.

– Сите проблеми и сите тешкотии од политичка природа меѓу држави и народи мора да се решаваат преку дипломатски канали, додаде музичарот.

Шевчук, водач на рок групата ДДТ, доста позната во поранешен СССР, со години го осудува влијанието на Владимир Путин. Пред ерата на Путин, Шевчук се истакна со кампања против војната во Чеченија од 1994 до 1996 година.

Најнови вести