Обвинителството на Лос Анџелес нема да покрене обвинение против 84-годишниот режисер оскаровец Роман Полански за сексуално злоставување.
Актерот беше обвинет за сексуален напад врз жена, што се случил во 1975 година, кога таа имала 10 години. Тужбата беше поднесена во октомври минатата година, но е отфрлена поради застареност на случајот.
Адвокатот на Полански тврди дека обвинувањата се невистинити.
Актерот живее во доброволен егзил во Франција уште од 1978 година и таму го чека изрекувањето на казната за случај со сексуален напад врз друга малолетничка.