петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Роналдо, дали ти можеш вака? Погледнете како оваа преубава гимнастичарка изведува ножички (ФОТО ГАЛЕРИЈА+ ВИДЕО)

Роналдо, дали ти можеш вака? Погледнете како оваа преубава гимнастичарка изведува ножички (ФОТО ГАЛЕРИЈА+ ВИДЕО)

Шпанска гимнастичарка во пензија покажа како фудбалските „ножички“ изгледаат кога ги изведуваат девојки од нејзиниот спорт. Тешко  дека тоа го може некој, освен ако не се занимава или се занимавал со ритмичка гимнастика.

37 годишната Алмудена Сид Тостадо, пензионирана гимнастичарка од Шпанија, без разлика што е во пензија сака да покаже се уште и тоа како агилна и спремна за работа.

На својот Инстаграм профил таа со фановите сподели видео во кое фудбалската топка ја удира високо над главата, но за разлика од фудбалерите таа со другата нога стои на земја.

-Гимнастички ножички, без да се фрламе на земја и да ја расипуваме фризурата, напиша преубавата Шпанка на Инстаграм.

Тоа е одговор на прекрасниот гол на Роналдо против Јувентус пред неколку дена. Ногата на португалскиот мајстор при ударот беше на висина од 2,38 метри што ги воодушеви сите. Но Роналдо скокна, а Алмудена на скоро два метри висина, топката ја удри со другата нога стоејќи на земја.

Најнови вести