Својот пријател и колега Драган Вучиќ, пејачката Росана Сариќ- Тодоровска нагалено го викала Вукле. Росана е во голема тага и во шок од ненадејната смрт на Вучиќ, кој завчера утрото почина од вирусот Ковид-19. Вели дека е револтирана од луѓето кои го напаѓале, а ги следеле неговите емисии.
„Со Вукле како што го викав јас, па и некои други колеги, поминав 30 години во взаемна соработка. Тој беше човек, пред сè позитивен и секогаш другарски настроен. Почитувањето спрема мене и мојот сопруг е нешто возвишено кое го добивавме од него. Не паметам музички емисии во кои не сум била поканета од негова страна и испочитувана до крај. Ја знам Весна која е со сите другарски расположена и секогаш насмеана. Вукле не ја вадеше од уста, секогаш беше: „Моја Весна…“ Одгледаа дете за восхит. Паметен, вреден, скромен, секогаш на страна и врвен музичар како и тато, наш Мартин“, раскажа Росана за Вучиќ.
Целиот текст на Женски магазин, овде.