среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Розга има постара сестра, но никој не знае како изгледа: Јелена не објавила ниту една заедничка фотографија со Јулија!

Розга има постара сестра, но никој не знае како изгледа: Јелена не објавила ниту една заедничка фотографија со Јулија!

Малку е познато дека Јелена Розга (44) има сестра, но веројатно е малку е и чудно што и покрај долгогодишното опстојување на познатата пејачка на јавната сцена, речиси ништо не се знае за неа. Некои локални медиуми тврдат дека Розга ја крие својата еднаипол години постара сестра Јулија „како змија нозете“ и кога ќе размислите не се далеку од вистината.

Сите овие години пејачката нема објавено ниту една нивна заедничка фотографија, а до ден денес нема потврда како всушност изгледа Јулија. И покрај сите обиди да се најде фотографија од постарата сестра на Розга, бројните приказни за семејството на познатата пејачка едноставно не ја содржат таа информација.

Ретко упатените велат дека тие две се во повеќе од добри односи, па тоа не е причината поради која и е толку тешко да се влезе во трага на Јулија. Едноставно не сака да биде во медиумите, а Розга очигледно строго ја почитува нејзината желба.

„Мојата сестра, води сосема поинаков живот. Јулија е прекрасна мајка и отсекогаш била тип што станува во осум наутро. Јас сум голема спанка, а таа е сосема поинаков тип. Се одлучи за помирен начин на живот“ – изјави еднаш Јелена.

Иако нема свои деца, Јелена сака да се дружи со ќерката на Јулија.

„Мојата внука е и моја пријателка со која разговарам секој ден. Многу зборуваме за се, немаме тајни. На Леа навистина и кажувам се’, таа знае се и кога сум среќна и кога сум тажна и кога сум заљубена и кога не сум. Имаме тотално поинаков вкус кога се во прашање мажите, но тоа е сосема во ред“ – се пошегува еднаш Розга, што јасно укажува дека нејзината внука е веќе возрасна девојка.

За нејзината сестра открила дека се многу блиски, а тоа било особено важно за време на нивното растење иако отсекогаш баш и не согласувале.

„Секогаш играв со момчињата и се тепав со нив. Бев мала, ситна, па морав да се изборам за мојот статус. Се тепав и со Јулија, мислам дури до 17 години. Една од последните тепачки беше кога веќе пеев во „Магазин“. Секако, недоразбирањето настана за гардеробата, а заврши со тоа што таа беше полна со модрици, а мене ми недостигаше „половина од косата“ – се пошегувала пејачката.

Најнови вести