Рушка Јакиќ се осврна на годината во која сфатила дека ќе биде своја и оптимист.
Имено, Рушка Јакиќ во таа година доживеала се што никој никому не сака да му посака, а за неа после тоа имало само два патишта. Tаа го избра вистинскиот.
-Имаше една година во мојот живот во која се случија неколку работи. Таа година умреа татко ми и мајка ми, јас останав без работа, Ана отиде да студира во Италија, моето куче кое го обожавав умре и одеднаш ја отворив вратата од мојата куќа и останав сама. Си направив убаво кафе и си зборував самата со себе. Има 2 начини, едниот е да паднеш во депресија и да не успееш, а другиот е да станеш и јас станав, изјави Јакиќ.
Рушка посочува дека најважно е да управуваме со нашето размислување.
-Депресијата е болест. Постои начин да го контролираме нашиот мозок. Научив дека мојот мозок прима само добри информации, дека моите очи го гледаат само она што јас го сакам и дека моите уши го слушаат само она што јас го сакам. Нашата потсвест добива 65.000 информации дневно, само изберете ја онаа што најмногу ви се допаѓа, изјави Јакиќ.