среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Сагата продолжува: Душко 30 дена не смее да ѝ се приближува на Карлеуша

Сагата продолжува: Душко 30 дена не смее да ѝ се приближува на Карлеуша

Првото основно јавно обвинителство во Белград денеска му предложи на судот на фудбалерот Душко Тошиќ да му ја продолжи итната мерка за забрана за приоѓање и комуницирање со неговата сопруга, пејачката Јелена Карлеуша, соопштија од обвинителството за Танјуг, објавија српските медиуми.

Одлука за овој предлог треба да донесе судијата за претходна постапка. Според одлуката на судијата, вонредната мерка би можела да трае и до 30 дена, а на Тошиќ во петокот на 7 јануари претходно му беше изречена полициска забрана во траење од 48 часа, бидејќи ѝ удрил шлаканица на сопругата.

Претходно полицијата по пријавата на пејачката отишла во нејзиниот дом, а таа одбила да оди на преглед во здравствената установа и одбила да оди во полициска станица да даде изјава. Наведената мерка на Тошиќ му е изречена согласно Законот за спречување на семејно насилство.

Ова не е првпат да се зборува за малтретирање од страна на Душко, ниту, пак, Карлеуша првпат да го пријави Душко во полиција. Пред две години таа го обвини дека психички ја малтретирал, а и тогаш во изјавата стои дека ѝ ја свиткал раката. Тој тоа го негираше и рече дека тоа е само вообичаено и нормално брачно несогласување. Јелена подоцна се предомислила и решила сепак да не го тужи, пишуваат српските медиуми. Ниту тогаш не побарала лекарска помош.

Карлеуша и Тошиќ во 2008 година стапија во брак, а заедно добија две деца – ќерките Атина и Ника. Јелена веќе тогаш имаше статус на ѕвезда, додека Душко штотуку ја започнуваше фудбалската кариера.

Најнови вести