Нигериската глумица Функе Акинделе-Бело на сопругот му приредила роденденска забава во време на изолација и и задолжително физичко растојание поради коронавирусот – иако и самата ја предводеше кампањата „Остани дома!“
Холивудската ѕвезда и комичарка, викендов објави снимка од забавата на Инстаграм, по што се соочи со бројни критики од своите 10 милиони следачи.
Токму поради тоа, таа и нејзиниот сопруг биле уапсени за прекршување на уредбите за заразни болести на сојузната држава Лагос. Тие се изјаснилеза виновни и добија парична казна и 14 дена општественокорисна работа.
Акинделе-Бело потоа се извини на Инстаграм објаснувајќи дека повеќето гости биле дел од нејзиниот продукциски тим којшто се изолирал во нејзиното студио, каде што работат на нов филм.
– На забавата никој не дојде од дома. Ја цениме вашата загриженост и ветувам дека ќе го применуваме она што го проповедаме, нагласи глумицата.
Нигериските власти воведоа 14-дневна изолација, што значи и забрана за собири со над 20 луѓе. Најнаселената земја во Африка (со околу 190 милиони жители), засега има 238 потврдени случаи со зараза на коронавирус и петмина починати.