Инцидентот се случил пред 15 години кога таа заедно со својата другарка биле на базен, а пејачката сакала да го сокрие тој детаљ од своите родители но не успеала бидејќи медиумите ја разоткриле.
За среќа пејачката во последен момент ја извлекол спасувачот на базенот во кој што се давела.
-Тогаш имав 12 години бев заедно со мојата другарка и не знаев да пливам, а другарка ми ми рече само скокни и продолжи да пливаш, верувај ми не е ништо тешко, а јас веднаш скокнав и мавтав со рацете и нозето но безуспешно. Потонав на дното, а потоа скокна спасувачот по мене во водата. Се вратив дома и откако ме прашаа како си поминав им кажав дека супер, а потоа локалната телевизија објавила снимка и прилог од моето давење, вели Тодоровиќ.
Таа вели за среќа нема уплав од вода иако тоа било ужасно искуство во нејзиниот живот.