Рита Ора (32) на Инстаграм споделила компилација од жешки фотографии во црно бикини од одморот на Хаваи, поради што ги запалила социјалните мрежи.
Рита ја покажала својата неверојатна фигура во мини црно бикини додека позирала на Хаваи. Британската пејачка со потекло од Косово се пофалила со бујното деколте, затегнатиот стомак и витките нозе.
Пејачката редовно ги известува преку Инстаграм своите обожаватели за нејзиниот одмор, па така споделила фотографии и од плажа.
Исто така во црно бикини, но овојпат премачкана со црн песок, Рита собрала само позитивни коментари за својот изглед.
„Изгледаш неверојатно“, „Ти си толку неверојатно згодна“, „Сакам да сум песокот по твоето тело“, биле само дел од коментарите.