Поранешната учесничка во Големиот брат нема безобразна поза во која што не се фотографирала.
Инаку, станува збор за Хрватката, Сабина Сантл, поранешна учесничка во реалното шоу „Големиот брат“ од 2008 година.
Доколку се погледне нејзиниот Инстаграм профил ќе забележите дека истиот е преплавен од провокативни видео снимки и фотографи, а за ова лето најавува жешка страница „OnlyFAns“.
-Успеав да се истакнам со стил, фотографии и снимки. Направив кариера и убаво живеам, но секогаш сум подготвена за нови предизвици, изјавила бујната Хрватка за 24сата.хр.
Инаку, Сабина е од Осјек и учествуваше во реалното шоу „Големиот брат“ во 2008 година, а љубовта спрема жешките фотографии ја мотивираа да отвори своја страница на интернет.
-Се што правам, правам од љубов. Со мене летото ќе биде жешко, доста жешко, рекла таа.