Принцот Мохамед бин Салман од Саудиска Арабија го купи англискиот клуб Њукасл за 350.000.000 евра и со тоа стана најмоќната личност во светскиот фудбал.
Младиот богат саудиски принц, откако неговиот татко, кралот Салман, го постави за наследник на престолот во јуни 2017 година, заменувајќи го неговиот 26-годишен братучед, стана, по кралот, најмоќната фигура во неговата земја.
Покрај фудбалскиот клуб Њукасл, тој го поседува и најлуксузниот и најскапиот дом на планетата.
How rich are Newcastle's new owners? Mohamed bin Salman net worth and Saudi PIF wealthhttps://t.co/WXlQLgvJm4 pic.twitter.com/Q6MmY5JZZr
— Daily Star Sport (@DailyStar_Sport) October 7, 2021
Имено, во 2015 година, тој платил 270 милиони евра за величествениот замок на францускиот крал Луј XIV. Интересно е што оваа вртоглава бројка е близу до парите што ги даде за купување на Њукасл.
Но, со оглед дека богатството на Мохамед бин Салман се проценува на 377 милијарди евра, тие трошоци се вистинска ситница за него.
Замокот на Луј XIV, завршен во 2011 година, бил изграден во стилот на француските замоци од 17 век, а целиот имот се протега на речиси 5.000 квадратни метри.
Има винарски визби, базени внатре и надвор, и еден посебен со големи риби, потоа ноќен клуб, соба за медитација и одмор, кино, терен за сквош, соба во аквариум. Дали е тоа малку?
Замокот е полн со скапоцени уметнички дела, а се издвојува сликата на Леонардо Да Винчи „Salvator Mundi“ вредна 400 милиони евра, која ја плати повеќе од англискиот клуб.
A glimpse into the transfer market next summer :
Mohamed Bin Salman bought this Leonardo Da Vinci painting for $450M When it was on auction.
I think that’s all you guys need to know pic.twitter.com/pK57jY20vp
— TheTrickyReds🔰 (@TheTrickyReds20) October 7, 2021
Исто така, замокот има десет луксузно дизајнирани спални соби, насликана купола, библиотека и винарска визба со повеќе од 3.000 шишиња, огромна сала за балови и други свечености.
Покрај овој раскошен и луксузен замок, Салман поседува и јахта долга 130 метри, која чини 530 милиони евра.