Актерката Сандра Булок ги воодушеви сите со своето издание на црвениот тепих на премиерата на својот нов филм „Изгубен град“.
Сандра има полни 57 години, но дефинитивно изгледаше два пати помлада! Актерката имаше облечено розе фустан со длабоко деколте и „омбре“ ефект, украсени апликации и облици на цветови и кристали. Сандра исто така имаше облечено кратко сако дизајнирано од стилистката Елизабет Стјуарт, а под фустанот кожени чизми над колена! Сандра на премиерата ја однесе својата сестра Јазин, која ретко имавме можност да ја видиме.
Модните критичари забележуваат и дека фустанот на Сандра имал нешто што на секоја жена често и недостасува во свечените прилики – џебовите!
Погледнете ги фотографиите!