Додека навивачите на новосадска „Војводина“ со нетрпение очекуваат добри резултати на клубот во новата фудбалска сезона во српската фудбалска Суперлигата, нивната портпаролка Сања Кружевиќ привлекува се’ поголемо внимание.
Популарната Беба го привлече вниманието на јавноста за време на една од прес конференцијата минатата сезона, кога тренерот на „Војводина“, Ненад Лалатовиќ, не ги тргна очите од бујното деколте на убавата Сања.
Таа беше отстранета, но се крена толкава врева, што едноставно клубот мораше да ја врати на позицијата портпарол.
На нејзиниот провокативен секси изглед не можел да одолее ни легендарниот италијански пејач Ерос Рамацоти, кој се однесувал слично како и тренерот на клубот за кој Беба работи, а бројни европски медиуми пишуваа за таа случка и волшебниот изглед на заводливата Србинка.
За време на фудбалската пауза, таа го привлече вниманието на социјалните мрежи со објавувања фотографии во бикини или тренинг-изданија, а по секоја нејзина нова објава се редат бројните коментари и комплименти што ги добива.
Интересно е и тоа што Беба има двојно повеќе следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, отколку клубот во кој работи. Така, 27,8 илјади луѓе ја следат на оваа мрежа, додека клубот има само 10,7 илјади Инстаграм фанови.