Гледајќи ги Сања, Ивана и Ксенија ни за момент не би помислиле дека некои од нив денот го започнуваат со земање лекови, но за жал Сања Вучиќ секое утро зема терапија. Таа боледува од Хашимото синдром, а раскажала како е да се носи секојдневието кое бара прилагодување на здравствен проблем.
Пред неполни две години на Сања и бил дијагностициран синдромот Хашимото, таа била толку уморна што повеќе не сакала да стане од кревет. Сепак, главниот знак дека нешто не е во ред бил драматичните промени во расположението.
– Бев многу несреќна, иако, всушност, бев задоволна во сите области од животот. Мислев дека психата е главниот виновник што физички се чувствував лошо, а ситуацијата е обратна. Ми пречеше што бев толку раздразлива. Можеше да ме изнервира секоја ситница.Јас не сум таква.Мислев дека има проблем со женските хормони па прво побарав решение од гинеколог.За среќа таа знаеше за што зборувам поради сопственото искуство, па ми предложи да ја проверам тироидната жлезда, рече таа.