Глумицата Сара Џесика Паркер уште еднаш им овозможи на минувачите во Њујорк да се потсетат на Кери Бредшо од серијата „Сексот и градот“ како голема обожавателка на чевли со потпис од Маноло Бланик.
Американската актерка ја преточи својата љубов кон модата во свој бренд, а сега и со нова линија обувки за коишто периодов сними и рекламна фотосесија на улиците на Менхетен. И додека повеќето нејзини колеги последниве месеци поради пандемијата на коронавирусот, не ни помислуваат на носење гламурозни креации и високи потпетици, ѕвездата од серијата „Сексот и градот“ во улога на бизнисменка, успеа да донесе малку гламур на улиците на градот Њујорк.
Заедно со моделот салонки таа вешто комбинираше долг кардиган-фустан истакнувајќи ја ефективно виолетовата боја. Станува збор за фустан – дело на релативно непознатата модна марка „Ханифа“ со седиште во африканската земја Конго. Достапен е во повеќе бои. (МИА)