Актерката Сара Џесика Паркер (56) која ќе ја повтори познатата улога на Кери Бредшо во продолжението на „Сексот и градот“, одговори на критиките за нејзиниот изглед.
Во интервју за „Вог“, актерката им возврати на коментаторите кои го исмеваа враќањето на ликовите во претстојната серија „И само така“ на HBO Max, само затоа што се постари.
– Има толку многу мизогински коментари за нашиот изглед што никогаш немаше да се случи доколку се работеше за маж, рече Паркер и додаде: „Пресадување коса. Дали таа има пресадено коса?“
– Седам со Енди Коен, а тој има полна пресадена коса и е одличен. Зошто е тоа во ред?, прашала актерката и додала:
– Не знам што да ви кажам луѓе! Особено на социјалните мрежи. Секој има што да каже. Има премногу брчки, нема доволно брчки.
Таа истакна дека изгледа како луѓето да не сакаат познатите личности да бидат во ред со тоа како изгледаат – дали ќе изберат да стареат природно и да не бидат совршени, или да прават нешто што ги прави да се чувствуваат подобро.
– Знам како изгледам. Немам избор. Што да правам во врска со тоа? Да престанам да стареам? Да исчезнам?