Поранешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ и неговата сопруга Јелена станаа родители и го добија своето прво дете, синот Лазар.
Новопечениот татко во изјава за Фокус.мк истакна дека породувањето поминало во најдобар ред како и дека мајката и бебето се добри.
-Јелена се породи во Скопје, во Ремедика. Лазар за прв пат го видов во 11 часот, фала му на Бога се е добро. Околу името, имавме неколку предлози, но за Лазар и двајцата заедно се согласивме. Лазар или Лазарус има хебрејско потекло и значи ,,Господ помогна, истакна Богдановиќ за Фокус.
Тој исто така преку Фејсбук објава со народна српска песна му посака добре дојде на својот син Лазар.
Инаку, Саша Богдановиќ и Јелена Брауновиќ се венчаа во 2020 година во Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Грачаница, Косово.