Во радио „Пинк“ денеска гостуваше легендарниот фолк пејач Саша Матиќ.
Освен што се слушаа неговите најголеми хитови и хитови од новиот албум „Два живота“, тој проговори за сите актуелни настани од неговиот живот и кариера.
На својот нов албум Саша објави дует со регионалната поп ѕвезда Јелена Розга. Песната „Ти и јас“ наиде на позитивни реакции кај публиката, а верните слушатели на радиото „Пинк“ можеа да ја слушнат и попладнево.
-Оваа година славиме 20 години кариера. Имам многу работа, но кога човек е добро организиран, секогаш има време за себе. Денот го започнувам во 9 часот, во 10:30 тренирам, малку вежбање. Деновиве повеќе сум приврзан за домот од вообичаено, вели Саша.
-Го сакам животот, кога ќе се разбудам наутро да не слушам лоши вести и ништо не ми недостасува, имам причина да бидам среќен и задоволен. Сè ме мотивира. Љубов, музика, живот, пријатели, семејство. Нема причина да кажам дека не можам повеќе. Единственото нешто што би го променил е, можеби би направил на почетокот подобар избор на соработници, мислам на мојот тим, на менаџерите. Би го направил овој избор што го имам во последните 11 години. Богатство е кога можам да го исклучам телефонот кога сакам и никој да не ми каже “еј си бил исклучен“, знам дека се работи како часовник и кога јас не сум таму, призна Саша Матиќ за Пинк радио.