среда, 24. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Саше Политико повторно заедно со сопругата: Сепак љубовта излезе посилна од сите ножеви на светот (ФОТО)

Саше Политико повторно заедно со сопругата: Сепак љубовта излезе посилна од сите ножеви на светот (ФОТО)

Пред околу два месеци Саше Ивановски, познат како Саше Политико и неговата сопруга М.Л.И. пријавиле инцидент во полиција.

И двата сопружника тврделе дека другиот сопружник се обидува да ги убие со нож.

Околу 11 часот пред полноќ на 16.01. Ивановски ја известил полицијата дека неговата сопруга го нападнала со нож.

Три часа подоцна неговата сопруга пријавила дека новинарот ја нападнал со нож.

Овој настан го потврди и МВР, а сега Политико на својот Фејсбук профил објави дека заврши семејната драма и објави фотографија заедно со сопругата и синот и напиша:

„Повторно заедно, сепак љубовта излезе посилна од сите ножеви на светот“.

Најнови вести