Пејачката Маја Шупут (41) е во 33-та недела од бременоста и како што откри за хрватските медиуми треба да се породи во месец март.
За тоа колку се радосни таа и нејзиниот сопруг за доаѓањето на нивното прво дете говорат и фотографиите која пејачката ги објави на социјалната мрежа Инстаграм.
Имено детската соба за момчето веќе е готова, ѕидовите се обоени во сино, а сега пристигна и мебелот.
Исто така нејзините следбеници ги изненади со тоа што им откри дека пејачката веќе купила пелени, шишенца за пиење, цуцли како држачи за истите.
Во собата инаку имаше и многу плиш играчки на кои најмногу ќе му се радуваат нејзиниот син.