недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Се гуши во солзи додека збори – се огласи сопругата на Тозовац, од овие зборови веднаш ќе ви стане јасно колку го сакаше пејачот

Се гуши во солзи додека збори – се огласи сопругата на Тозовац, од овие зборови веднаш ќе ви стане јасно колку го сакаше пејачот

Пејачот Предраг Живковиќ Тозовац почина на 85 години како последица од коронавирус.

По тој повод сега се огласи и неговата сопруга.

„Немам сила ни да зборувам. Изгубив дел од својот живот. Ова е момент кога навистина не можам повеќе. Ве молам кажете им да не ме бараат, нема сила да зборувам“, изјавила во солзи сопругата на пејачот за српските медиуми.

Предраг последните недели се бореше со корона, а веста дека починал ја потврди неговиот кум.

„За жал не издржа, оваа корона го уништи“, изјави кумот на пејачот.

Потсетуваме, Тозовац неодамна направи интимна прослава и се венчаше со Мима.

Нивната љубов започна пред околу 4 децении и тоа беше љубов на прв поглед.

„Се сретнавме случајно и така започна. Се заљубивме штом се погледнавме. За неа ја напишав песната „Мима“. Инаку, нејзиното вистинско име е Емилија. Мима е мојата вистинска љубов и избор. Ние сме во најубава фаза бидејќи станавме пријатели кои не можат еден без друг.  Љубовта нема врска со годините“, изјави Тозовац во една прилика.

Најнови вести