четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Се лечеше во три земји и добиваше закани: Карлеуша не зборуваше за тешката болест

Се лечеше во три земји и добиваше закани: Карлеуша не зборуваше за тешката болест

Дивна Карлеуша, долгогодишната новинарка и радио-водителка која почина вчера во 61. година од животот во Белград, три години се борела со канцер на белите дробови.

Освен терапиите кои ги примала во Србија, често патувала во Турција, Холандија и во Данска , каде што исто така се лечела. Во последно време, добро ја поднесувала терапијата, пишува „Блиц“.

„Се шегував во програма на по малку машки начин, па почнаа да ме викаат женскиот Минимакс. Многу брзо станав популарна, добивав писма, но и љубовни песни, големи букети цвеќе. Понекогаш ми стигаа и заканувачки пораки кои ја плашеа целата редакција. Никој не знаеше како изгледам, но ме препознаваа по гласот“, изјавила Дивна во интервју пред два месеци.

Најнови вести