Поранешниот претседател на САД Барак Обама облечен како Дедо мраз неодамна посети една болница во Вашингтон каде престојуваат болни дечиња.
Со капа на главата и вреќа на грбот ги развесели болните дечиња и им подари подароци.
-Сакам на сите да им се заблагодарам. Имав прилика да разговарам со дечињата и нивните семејства. Како татко на две деца можам да замислам дека во овие мигови на децата најважно им е да имаат некој кој ќе ги држи за рака.
Според реакциите на пациентите, вработените и останатите присутни е доказ дека популарноста на поранешниот претседател на САД се уште е на високо ниво.