Возачот на автомобилот кој го усмрти кралот на народната музика Шабан Шаулиќ се наоѓа во тешка психичка состоба.
Иако тој од слобода ќе го чека судењето и не се наоѓа во притвор, жали за она што го стори и постојано плаче, пишуваат српските медиуми.
Тој дури и го сменил физичкиот изглед, ја избричил брадата, а ја скратил и косата.
Турчинот Алсан Левент имал навика да позајмува автомобили од своите пријатели и со нив да се вози без возачка дозвола, па полицијата ќе го испитува и нив.
Висината на казната ќе зависи од тоа со која брзина се движел, и посебно од тоа дека во неговата крв е најден алкохол и употреба на канабис.
Во сообраќајката во која загина Шабан, загина и неговиот близок пријател, клавијатуристот Мирсад Кериќ, а третиот сопатник, кумот на пејачот, Слободан Стојадиновиќ беше тешко повреден.