Пејачот Сергеј Четковиќ ги загуби и двајцата родители во првата половина на минатиот месец, кои починаа како резултат на коронавирусот.
– Драги мои, поминаа 40 дена од ненадејното заминување на моите родители. Празнината е голема, болката и загубата е преголема и претешка, но животот мора да продолжи. Ви благодариме на сите за зборовите на утеха, сочувство и молитви што бевте со нас. Бесконечно благодарен, вашиот Сергеј, рече пејачот, во емотивниот пост на социјалната мрежа Фејсбук.
Да ве потсетиме, по смртта на неговиот татко, со голема тага, тој објави стара, заедничка фотографија од неговите родители, потпишувајќи ја заедно со тагуваните браќа. Драгица и Слободан починаа со разлика од една недела.