Пејачот Халид Бешлиќ денеска доживеа сообраќајна несреќа на патот Шабац – Лозница, по што полицијата излезе да изврши увид, а тоа го потврди и легендата на народната музика. Халид откри што се случило и како се чувствува по несреќата.
– Пред два часа се случи сообраќајна несреќа. Беше мала несреќа, не отидов на лекар. Тоа беше верижен судир. Нас не удри жена, а ние го удрвме автомобилот пред нас, објасни Халид Бешлиќ, наведувајќи дека се чувствува добро и истакна дека се е во ред и нема за што да се грижи.
– Предните светла беа малку скршени, но, фала богу, нема повредени, изјави Бешлиќ.
– Се се случи брзо, кога полицијата дојде на местото на несреќата, Халид и лицето што учествуваше во несреќата направија европски извештај кој се пополнува кога ќе се случи вакво нешто, изјави претходно за Телеграф.рс локален жител кој бил на лице место.