четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Се огласи и девојката која ја поврзуваа со Лука- еве што кажа Уна

Се огласи и девојката која ја поврзуваа со Лука- еве што кажа Уна

Откако Наташа Беквалац го пријави Лука Лазукиќ за физичко насилство, во јавноста испливаа информации дека судирот започнал поради тоа што пејачката во телофонот на сопругот пронашла допишувања кои ја вознемириле.

Допишувањата ги потврдил и Лука.

Веднаш потоа, во медиумите се појави информација дека девојката поради која настанал судирот е Уна Крлиќ, за која медиумите тврдеа дека е поранешна девојка на Лука.

Сега се огласи и оваа девојка:

-Здраво луѓе. Сакам да ви се обратам по повод цирскусот кој настана. Повод е насловната страна на еден дневен весник, која некој ми ја намести. Сакам да кажам и да демантирам било какво поврзување со Лука Лазукиќ. Јас апсолутно тој човек не го познавам и никогаш со него не сум се допишувала. Кој и да сакал да ме вплетка во тоа, ќе одговара на суд. На мене ми е нанесена неверојатна неправда. Првпат на своја кожа чувствувам таква невистина и многу ме боли некој да ме поврзува со двајца луѓе кои и не ги познавам, посебно не во ваков контекст. Со тоа сакам да ви кажам дека јас ова не сум, дека јас ова никогаш не би го направила и тоа е тоа од мене, напишала Уна на социјалните мрежи.

Најнови вести