петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Се огласи и тој: Тончи Хуљиќ откри детали за последниот концерт на Масимо – никој не знаеше дека зад сцената го чека Брза помош

Се огласи и тој: Тончи Хуљиќ откри детали за последниот концерт на Масимо – никој не знаеше дека зад сцената го чека Брза помош

Беа големи пријатели и соработници, и Тончи Хуљиќ се огласи по смртта на хрватскиот поп пејач Масимо Савиќ која во остави целиот Балкан во шок. Савиќ почина денеска во Загреб на 60 годишна возраст откако  ја загуби битката со ракот на вбелите дробови.

Тончи откри непознати детали за последниот концерт на Масимо, одржан на 5 ноември во Арената во Загреб, истакувајќи дека зад бината го чекала Брза помош. Вели, тоа говори за големината на Масимо.

-Премногу драги луѓе заминаа од нашите животи оваа година.Мислев дека ќе победи. Публиката во Арената не знаеше во каква состојба настапува и дека го чека медицински тим зад сцената. Што повеќе да се каже за него, а што овој детаљ не го говори? Песната му беше поважна од живот, а гласот посилен од смртта. Патувај Масимо, а нас ќе не’ тешат спомените, изјави Хуљиќ за Слободна Далмација.

Масимо на последниот концерт пеел три часа пред својата публика, а во еден момент изјавил дека никогаш немал толку голема трема на концерт.

Најнови вести