Оља Карлеуша се огласи од болница и откри каква е нејзината здравствена состојба.
Имено пејачката заврши во болница на Универзитетската Клиника во Србија на пулмологија.
„Вистина е дека сум во болница имам тромбови во ногата и белодробна емболија. Осетив јака болка во левиот лист, првиот доплер не покажа тромбови, потоа болката почна да се шири. По неколку дена почнав тешко да дишам, тешко дишење и почнав да се гушам, отидов да ги снимам белите дробови и тој скенер покажа белодробна емболија. Во моментов морам да мирувам, најважно е дека на време е се’ откриено“ – изјави Оља, чија дијагноза е сепак сериозна.