По веста за смртта на легендарната пејачка која ја памети целиот регион Мерима Његомир која се бореше со ракот, вечерва се огласи и една од трите ќерки на пејачката.
Имено Љубица беше и прва од четирите деца која утрово ја потврди веста за смртта на нејзината мајка, а вечерва се огласи преку социјалните мрежи.
-Чест е да се биде твое дете. Бескрајно мила моја мамичка, напиша Љубица на социјалните мрежи.
Зад себе инаку таа остави три ќерки и еден син и четири внуци.
Пејачката иако се разведе во минатото остана во добар однос со сопругот кој почина пред неколку години.
Мерима инаку неодамна откри дека води битка со ракот, а во медиумите искрено зборуваше и дека не се чувствува добро поради болките, но и дека нема да се откаже од борбата.