Како бомба одекна веста дека Исак Шабановиќ и Александра Младеновиќ повеќе не се заедно.
Потоа во медиумите се појави информацијата дека тоа е само маркетиншки трик за да ги остават двајцата на мира, но сепак пејачот сега ја потврди таа информација за медиумите.
-Точно е раскинавме. Беше убаво додека траеше, Александра е сјајна девојка и ќе останеме пријатели. Сепак сфативме дека сме различни и дека најдобро е да секој тргне по својот пат. Се раздвоивме без караница и во добро сеќавање на нашата љубов. Сега потполно сум посветен на работата и настапите, вели Исак.