Пејачката Ана Николиќ по објавувањето на фотографија со непознато момче предизвика лавина на коментари, по што на ред беа медиумите во соседството да го откријат неговиот идентитет, но и неговото минато.
Како што дознава „Телеграф.рс“ станува збор за електричарот Дејан Николиќ кој се уште законски е оженет и има две деца, а сосетка му е пејачката Ана Севиќ која е поранешна сопруга на Дарко Лазиќ.
По објавувањето на заедничката фотографија со пејачката, медиумот ја пронајде и неговата се уште законска сопруга Валентина која со Николиќ е во брак осум години.
-Дејан Николиќ кој се фотографираше со Ана Николиќ е мој сопруг, се уште законски. Ни со мене, ниту со децата не контактира веќе два месеци. Животот му е сличен на пејачката па затоа си одговараат во пиењето. Работи како електричар во Германија, вели таа.
Додава дека одбива да се сретнат на суд за да се разведат.
-Ние сме заедно 12 години, а осум години во брак и имаме две деца. Во вонбрачна заедница пред бракот со мене има уште едно дете, вели неговата сопруга.
Инаку засега пејачката се уште е недостапна за јавноста и за нејзин коментар околу новата нејзина љубовна афера.