четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Се огласи сопственикот на скопскиот локал од каде е исфрлена Сораја, ја демантира старлетата

Се огласи сопственикот на скопскиот локал од каде е исфрлена Сораја, ја демантира старлетата
Pink.rs

Не стивнува драмата откако српските медиуми објавија дека старлетата Сораја пред неколку дека била исфрлена од скопски локал. Сораја по ваквите пишувања за медиумите во Србија ја кажа нејзината страна, а сега се огласи сопственикот на локалот кој ги демантира изјавите на старлетата.

Сопственикот Илија, кого Вучелиќ го обвинува за национализам, но и обезбедувањето на локалот откриваат дека причината е многу поинаква од тврдењата на Сораја.

-Не е точно дека сме против браќата и сестрите од Србија. Напротив, таа ноќ имаше многу луѓе од вашата земја. Негуваме соработка и драго ни е кога ќе дојдат гости од сите краишта во Србија. Тоа што таа старлета го изјави е небулоза. Јасно е дека целта и е да ја префрли топката, како што впрочем тоа го прават жените од тој тип. Најкултурно ги замоливме да излезат од локалот поради недолично однесување. Кај нас нема непосакувани гости, но некои кодекси на однесување мора да се почитуваат и знаат. Најпосле, на снимката се гледа дека келнерот човечки им приде и ги замоли да ја напуштат нашата кафеана, вели Илија за српските медиуми.

Истото го потврдиле и браќата Адо и Будо кои се обезбедување во локалот.

-Такво некултурно однесување од една жена не сме виделе, а сме имале разни ситуации. Се расфрла со некое богатство на социјалните мрежи, а потоа во кафеана несака да плати сметка. Се фали дека е позната, а однесувањето и е никакво. Објектот во кој работам да не е со реноме, таа нема ни да дојде. Нашите гости се угледни луѓе од сите сфери на општеството и никој никогаш не доживеал непријатност ако знае да се однесува. Таа жена е испратена од кафеаната и тоа е единствената вистина, вели Будо.

Најнови вести