Шведскиот музичар и продуцент Авичи кој беше пронајден мртов на 20 април оваа година речиси и да не излегува од центарот на вниманието овие денови.
Овој пат откако во јавноста се огласија двете поранешни девојки на музичарот овој пат се огласи и третата девојка со која пејачот бил во врска.
Се работи за Тереза Качерова која по професија е модел со која Авичи бил во голема љубов но тајна.
Тереза на Инстаграм ги шокираше сите откако објави отворено писмо во кое открива дека планирале заеднички деца заедно со Авичи. Таа во писмото пишува и за времето кое го поминале заедно, како и тоа дека тој му бил очув на нејзиниот син Лукас.
-Драг Авичи овие денови ги поминав обидувајќи се да се разбудам и чекајќи некој да ми одговори дека ова е шега и грозна грешка. Мислам дека сега знам дека веќе никогаш нема да те видам, пишува Тереза во дел од писмото.
Таа во писмото вели и дека била посветена целиот период нивната љубов да ја држи во тајност бидејќи сакала да биде само нивна и никој да не учествува во нивната авантура.
-Те нарекував бебенце, ангел…Последните твои зборови што ми ги изговори беа „те сакам“ и тоа дека сакаш мексиканска кока кола.