Таткото на Меган Маркл, Томас Маркл, рекол дека денеска е пресреќен поради раѓањето на својот прв внук и дека е горд што детето ќе му служи на британското кралско семејство, објавија „The Sun“.
-Горд сум што мојот внук е роден во британското кралско семејство и сигурен сум дека ќе порасне и ќе ѝ служи на круната и на народот во Британија со благодат, чест и достоинство, рекол овој поранешен холивудски директор.
Тој на детето му посакал добро здравје и среќа, пренесува Ројтерс.
-Честитки и за мојата драга ќерка, војвотката Меган и принцот Хари, нека Бог ја чува кралицата, заклучил Томас Маркл.
Меган се породи рано утрово, а бебето ќе биде седмо во редот за британскио трон, после принцот Чарлс, принцот Вилијам, неговите три деца и својот татко, принцот Хари.
Томас не зборувал со својата ќерка од кралската венчавка која беше минатиот мај, кое морал да го пропушти поради срцев удар.
После неколку интервјуа, Меган и Хари го избришале од нивните животи.