Наскоро ќе навршат 10 месеци откако Синиша Михајловиќ повеќе не е меѓу нас.
На 16-ти декември во 52-та година од животот почина еден од најдобрите фудбалери на Србија и поранешна Југославија, Европа и светот, а тагата продолжува и денес. Со тажна порака утрово се огласи сопругата на Миха, Аријана.
-Сè уште не верувам… Ми се чини невозможно – напиша Аријана Михајловиќ со црвени срца и фотографијата на Миха од најдобрите тренерски денови, направена пред страшната болест кога беше на чело на стручниот штаб на Торино.
Зборовите на сопругата на Миха уште еднаш ги кинат срцата, а тагата муште е забележлива не само во кругот на семејството, туку и низ Србија и Европа, особено во Италија.
Честопати, при спомнувањето на ликот и делата на Синиша Михајловиќ, луѓето со неверување изјавуваат дека тој не е меѓу нас.
View this post on Instagram