четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Се огласија лекарите: Еве ја причината за смртта на Шабан Шаулиќ

Се огласија лекарите: Еве ја причината за смртта на Шабан Шаулиќ

Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ загина во сообраќајна несреќа, а сега се огласија и лекарите кои се обидувале да го спасат пејачот.

Имено докторката која го водела тимот, рекла дека Шаулиќ сам излегол од автомобилот, бил свесен и зборувал, но не го разбирале бидејќи зборувал на српски, но сфатиле дека се жали дека го боли грлото и има болки во градниот кош и дека состојбата му се влошила.

Поради подготовка за транспорт, лекарите, според германските медицински стандарди, му дале стандардно средство за успивање и го внеле во хеликотер. Решено е да биде префрлен во болница со хеликоптер, поради проценка на лице место дека тој е најтешко повреден. Останатите двајца повредени биле префрлени во други две болници со санитетско возило.

Лекарите тврдат дека Шаулиќ ја добил најдобрта можна нега, која вклучувала превоз со хелкоптер и цел тим на лекари.

Во болницата стигнале околу осум часот, а после реанимацијата морале да му го отворат градниот кош и тогаш виделе дека аортата му пукнала, што медицински е невозможно да се санира.

Лекарите сметаат дека појасот во автомобилот од силината на ударот се затегнал на тоа место, при што дошло до пуканње на аортата.

Шабан починал во 10.25 минути.

 

Најнови вести