понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

СЕ ОГЛАСИЈА ОД МАНАСТИРОТ: По толку години откриена мистеријата дали Милан Станковиќ ќе стане монах – естрадата го знаеше ова, но молчеше!

СЕ ОГЛАСИЈА ОД МАНАСТИРОТ: По толку години откриена мистеријата дали Милан Станковиќ ќе стане монах – естрадата го знаеше ова, но молчеше!

Со месеци наназад се шпекулираше за тоа каде се наоѓа во моментов познатиот пејач Милан Станковиќ.

И додека се зборуваше дека Милан го посетил манастирот Подмаине во Црна Гора каде сакал да стане искушеник, сега се откриени нови детали кои ставија крај на сите шпекулации.

Луѓето кои го посетуваат манастирот тврдат дека тој е чест гостин таму и дека сака да стане вистински христијанин.

Сепак се огласија и од манастирот од каде еве што велат:

-Милан беше кај нас, но ја немаше таа претензија да стане искушеник. Тоа е цел процес, тој сакаше да биде само во манастирот и да го пронајде своето „јас“, но немаше амбиција да стане монах. Овој манастир е негово духовно место, а тој е во процес да се пронајде себе си и да го пронајде Бог, а за сето тоа најдоброто место е манастир, вели изворот за српските медиуми.

Инаку и пејачката Рада Манојловиќ неодамна откри дека сака да тргне по неговите стапки.

„Да сум и јас паметна, па да тргнам по стапките на Милан и да се пронајдам себе си“, откри таа во една прилика.

Најнови вести