Лејди Амелија Спенсер (30), внука на покојната принцеза Дијана се омажи, неполни три години по свршувачката со Грег Малет (30).
Лејди Амелија Спенсер рече „да“. Манекенката, внука на Лејди Дијана, се омажи за своето момче Грег Малет кој ја запроси пред три години.
Церемонијата се одржа во Јужна Африка, срцето на Амелија, каде убавицата помина добар дел од своето детство откако нејзините родители, Чарлс Спенсер и Викторија Ајткен се разведоа.
View this post on Instagram
Амелија, всушност, со нејзината близначка Елиза, нејзината постара сестра Кити и најмладиот од куќата Луис, пораснаа во Кејп Таун и отсекогаш сонувала да ја прослави својата венчавка во земјата која отсекогаш била дом за неа. И така беше.
Церемонијата се одржа на поранешната фарма Ла Кот која датира од 1698 година, во која сега се наоѓа одморалиште, во градот Франшхук, на околу 75 километри од Кејп Таун.
View this post on Instagram
Не протече никаква индикреција за фустанот на невестата или за забавата, а фотографиите (засега) останаа строго доверливи.
Она што е сигурно е дека не било нешто особено претерано: Ла Кот фармата може да прими најмногу 102 гости.