среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

СЕ ОПЕРИРАШЕ ОД РАК НА ДОЈКАТА, А СЕДУМ ДЕНА ПОТОА СЕ РАЗВЕДЕ – поранешниот на српската пејачка си нашол нова додека таа била на операција! (ФОТО)

СЕ ОПЕРИРАШЕ ОД РАК НА ДОЈКАТА, А СЕДУМ ДЕНА ПОТОА СЕ РАЗВЕДЕ – поранешниот на српската пејачка си нашол нова додека таа била на операција! (ФОТО)

Хариета Симиќ неодамна се оперирала од рак на дојката, а додека ги имала најголемите болки, пејачката вели дека и се јавил сопругот и рекол дека сака развод.

Таа неодамна во медиумите раскажа за тешката судбина на ракот на дојката, а сега откри дека сопругот Владица ја оставил седум дена по операцијата.

Како што вели, преку видео повик и ја соопштил желбата за развод.

– Дадов многу жртви за Владица, дадов злато од неколку илјади евра за враќање на долговите. Ми даде и лекови, но… Не долго потоа повторно го продадов накитот за да може да ја плати киријата и да купи нов камион. Сега, седум дена по операцијата и ампутацијата на градите, ми се јави да ми каже дека не сака повеќе да биде со мене и дека нашол нова – изјавила Хариета за српски „Блиц“, додавајќи:

-Ми рече да не му се јавувам повеќе и дека ќе се ожени со таа девојка. Ме остави во најтешкиот момент. Ме искористи и ме остави. Не можам да верувам што ми подготви, уште ме чекаат хемотерапија и зрачење, но нему не му е грижа.

Пејачката истакнува дека поради него ја запоставила кариерата, а тој постојано ја понижувал.

– Ја запоставив мојата пејачка кариера поради него и неговата љубомора. Не ме пушташе да гостувам во емисиите на кои ме покануваа, ниту пак ми дозволи да пејам, слушав се и три години ништо не работев. Постојано ме понижуваше и велеше дека сите пејачки се проститутки. Кога ќе се опоравам, ќе се посветам на снимање песни – заклучила пејачката.

Најнови вести