Војвотката од Сасекс вчера наполни 39 години, но и покрај необичните услови и мерки за социјална изолација во Соединетите држави, специјалниот ден не помина незабележано и без честитка од нејзините кралски роднини.
Наспроти претходните гласини дека Меган Маркл ќе тргне на скромно патување, извор од „Harper’s Bazaar“, близок до војвотката, откри други планови – „тивка прослава дома“ во Лос Анџелес со принцот Хари и Арчи.
Членовите на кралското семејство не пропуштија да и честитаат роденден на Меган на своите профили. На Инстаграм, принцот Чарлс и Камила Паркер-Боулс објавија фотографија со која и посакуваат :
„Среќен роденден на војвотката од Сасекс“.
-И посакуваме на војвотката од Сасекс многу среќен роденден, напишаа принцот Вилијам и Кејт Мидлтон под фотографија од Меган со мало девојче.
На Твитер, Елизабета Втора, исто така и го честиташе роденденот на Меган, со фотографија од првиот јавен ангажман на Меган со кралицата во 2018 година:
„И посакувам многу среќен роденден на војвотката од Сасекс!“.