Пејачката Гога Секулиќ за неколку денови треба да се породи, а своето прво дете таа ќе го роди во Швајцарија.
-Терминот е закажан за 19 декември, а докторите велат дека породувањето може да се случи и неколку денови порано. Секојдневно одам на контрола и полека се снабдувам за бебето. Среќна сум што имам сопруг што е секојдневно до мене, а двајцата едвај чекаме да се родите бебето, вели пејачката за српски Блиц.
Таа вели и дека сака да се породи со царски рез, но постојат препреки за тоа.
-Што се однесува на породувањето малку сум уплашена бидејќи моите другарки ми велат процесот по природен пат може да трае и два до три дена, па затоа сега имам страв од природното породување. Меѓутоа во Швајцарија се такви правилата што ако нема причина поради која мора да се породите со царски рез, мора да се породите по природен пат. Доколку дојде до породување со царски рез иако во приватна болница, половината трошоци ќе морам да ги платам сама, па така породувањето со царски рез чини околу 20 илјади евра, би платила само 10 илјади евра.